Џет-Сет
30. July 2017 - 20:29

И оваа хаоливудска убавица прошета низ Белград, Србите фрапирани

Холивудската ѕвезда Деми Мур стигна во Белград.

Според српските медиуми, славната актерка допатувала во српската престолника поради приватни причини, а нејзиното доаѓање се одиграло во најголема тајност.

Покрај Деми Мур, во Белград моментално со семејството престојува и Џулија Робертс.

Имено, Џулија исто така во Белград пристигна во најголема тајност со сопругот Даниел Модеро и трите деца, поради проектот на кој работи нејзиниот сопруг.