Македонија
4. March 2021 - 12:44

И оваа година нема да има карневал во Струмица

Карневалските маски кои струмичани ги подготвија уште од лани и оваа година ќе останат во нивните работилници и магацини и нема да имаат можност за презентација пред пошироката јавност. И покај тоа што се разгледуваа повеќе сценарија и можности, карневал  во Струмица втора година по ред  нема да има. Ваква одлука донел карневалскиот одбор. Со цел да се продолжи вековната традиција во датумите кога треба да се одржува карневалот планирани се неколку настани кои ќе бидат реализира согласно здравствените протоколи и без масовни собири и групирања.

 „Карневал во секој случај на отворено ќе нема. Ние сакаме како карневалски одбор да го одбележиме денот на карневалот, сакаме тие случувања да не замрат во градот, да покажеме дека Струмица е заинтересирана да ги негува своите традиции. Се надевам дека ќе успееме. Планот на карневалскиот одбор е да направиме една изложба, да направиме една видео презентација, ретроспектива на карневалите во Струмица. Секако во соработка со центарот за култура да го одржиме и тримерскиот обичај со групата Распеани струмичани. Така да тие две три варијанти во моментот се планираат и се договараат, имаме најавено поддршка од општината за тие манифестации и сите тие ќе се одржат во строго одредени протоколи. “ вели Ване Ристов – организационен одбор на струмички карневал

Сите планирани настани ќе бидат одржани од 11 до 17 март, како симболика на редовниот термин во кој оваа година  требаше да се одржи големиот струмички карневал. Минатата година, веднаш откако беше регистриран првиот случај на коронавирус во државата манифестацијата беше откажана откажанa. Тој беше првиот  голем настан во државата кој се откажа со цел заштита на колективното здравје.