-->
-->
И Норвешка ја затвора границата за автомобили регистрирани во Русија
-->

Во Норвешка на 3 октомври стапува во сила забраната за влез на автомобили со руски регистарски таблички, соопшти денеска Министерството за надворешни работи.
– Важно е санкциите да бидат ефективни за да се спречат колку што е можно повеќе приходите што и се потребни на руската држава за финансирање на војната, изјави шефицата на норвешката дипломатија Аникен Хуитфелд.
Возилата во сопственост на норвешки државјани или граѓани на Европската економска зона (ЕЕА) со постојан престој во Русија или членови на нивните семејства ќе бидат ослободени од забраната.
Финска, Естонија, Летонија, Литванија и Полска веќе воведоа слични забрани по директивата на Европската комисија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Започна конзервацијата на фрескоживописот на црквата откриена над селото Банско
-

Инфлација под 3%, цените во маркетите под инспекциска лупа
-

Тема на денот со Љупчо Зиков, новинар/аналитичар
-

Над 200 семејства од Струмичката епархија ќе добијат празнични пакети од „Елеуса“
-

Почина двегодишното дете повредено во Шуто Оризари за новогодишната ноќ
-

Деца ќе останат со инвалидитет, возрасни во болница поради користење на петарди
-

МВР го расчисти убиството за новогодишната ноќ
-

Се уште се бара Македонецот кој исчезна во пожарот во Швајцарија, бројот на загинати се искачи на 47
