Македонија
5. May 2017 - 13:52

И мртов нема мир: Запален автомобил на битолчанец

Ноќеска околу 00.50 часот во Битола на ул. „Питу Гули“ опожарено било патничко моторно возило „БМВ“ сопственост на Б.Р., кој е починат.

Пожарот го забележал граѓанин, кој додека седел дома најпрво слушнал пукање , а по кратко време и тап удар по што забележал дека наведеното возило е во пламен.

Потоа, пожарот го пријавил во Територијалната противпожарна единица Битола. Во пожарот оштетени се хаубата, покривот, двете предни врати, сите стакла и целата внатрешност на возилото. Увид на местото на настанот  извршила увидна екипа на СВР Битола.

Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.