Македонија
23. September 2021 - 16:37

И младите ветија фер избори

Да нема навреди, ниски удари и говор на омраза. Претставувањетo на идеите, проектите и политичките конпцети да го замени дневното политиканство. Подмладоците на политичките партии, потпишаа Декларација со цел да дадат свој придонес кон остварувањето на фер и демократска атмосфера на престојните избори.

Традиционално декларацијата се потпишува пред секои избори, почнувајќи од 2014та година. Станува збор за 6ти настан по ред, а потпис на декларацијата годинава ставија подмладоците на 34 политички партии.