Живот
8. May 2018 - 20:57

И ја ампутираа ногата, па повторно и ја сошија наопаку: Девојчето (7) и покрај се тврди дека е пресреќна

На седумгодишната Амелија Елдред од Тамворт, Англија лекарите и направија ретка операција, таканаречена ротатинопластија, за да ги го отстранта малигниот тумор во нејзината бутна коска.

Левата нога на Амелија е половина оригинална величина, а стапалото е свртено во спротивен правец. Лекарите велат дека ротатинопластијата ќе и овозможи еден дена да танцува, да прави гимнастика, по ампутацијата и новото пришивање на левата нога.

-Чувството е поинакво, но не е поинакво. Не е лесно да се објасни, рече Амелија.

Нејзе во 2017 и открија остеосаркома, малиген тумор на коски, во левата бутна коска. Амелија помина неколку циклуси хемотерапија, но туморот не и се смалуваше па и ја ампутираа целата лева нога. Потоа лекарите од Кралската ортопедска болница предложија Ротатопластија - повторно зашивање на ногата за телото кај колкот, само обратно.

Идејата беше на крајот нејзиното стаплао да се спои со простетичкиот долен дел од ногата, а нејзиниот сопствен зглоб да го користи како колено. Екстремитетот и е изротиран така што зглобовите се виткаат во спротивен правец од коленото.

„Тоа е најдобро решение на видикот. Таа не може да дочека повторно да излезе надвор и да вози велосипед, да се качува“, вели мајката на Амелија, Мишел.

Процедурата која лекарите ја применија на Амелија е ретка, но не е непозната. Габи Шал од Мисури имаше ротатино пластија на свои 9 години, по откривањето на туморот во коленото. Габи (16) сега е балерина на академијата „Синерџи“.

-Таа танцува како и јас и еден ден и јас ќе можам да ги правам истите работи, рече Амелија која е воодушевена од снимките на Габи кои ги погледнала пред операцијата.

Но, прво морам да научам да го користам својот нов екстремитет.

-Таа повторно го обучува својот мозок да го покренува стапалото во посакуваниот правец. Таа се труди да го крене на лево, но затоа што нејзиниот мозок се навикнал нејзиното стапало да е свртено поинаку, наместо тоа оди во десно, вели Мишел.

Но Амелија е оптимист, и како што ја опишуваат лекарите, многу храбра и самоуверена. Нејзината мајка вели дека Амелија не може да го дочека денот кога повторно ќе танцува и ќе спортува како и другите деца.

-Таа е многу активно дете, па би било неверојатно кога повторно би ги правела сите тие работи, заклучува мајката Мишел.