И Хрватска ја забрани својата музика за Македонија
По Србија, Црна Гора и Словенија, уште една балканска земја им ја забранува својата музика на македонските радија и телевизии. Со одлука на Управниот одбор на хрватската организација ХДС- ЗАМП, се забранува користење на нивниот музички репертоар на сите радио и телевизиски станици на територија на Македонија.
Оваа забрана стапува на сила веднаш. ЗАМП Македонија како организација која е овластена да ги преземе сите потребни мерки за спроведување на забраната и заштитата на правата на членовите на ХДС- ЗАМП, а врз основа на склучените меѓусебни договори за реципроцитет, известува дека забраната почнува од 17 октомври.
„Ги следиме настаните во Вашата земја и би сакале да ја изразиме нашата загриженост во однос на тоа дека континуитетот на авторската заштита во Македонија е ставен во ризик, со штетни последици врз авторската заштита и на штета на вредноста на музичките дела на сите автори, домашни и странски“, се вели во соопштението на ХДС-ЗАМП.
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова - Радев: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на вредностите на ЕУ
-
Блинкен во Брисел во момент кога победата на Трамп го активира алармот за Украина
-
Почина бизнисменот Миодраг Костиќ
-
18-годишно момче загина во Охрид откако со „пежо“ излетал од патот кај „Елешец“
-
Утрово најстудено во Маврови Анови и Попова Шапка
-
Маск доби позиција во администрацијата на Трамп
-
Скопје одбележува 80 години од ослободувањето
-
Во Кривичен продолжува судењето за двојното убиство на Вања и Панче