И Германија размислува за затворање на границите за бегалци
Германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мазиер планира да стави крај на огромниот бран бегалци кои што пристигнуваат во неговата земја, јавува дописникот на МИА од Берлин.
Како што пренесува весникот „Ди Велт“ министерот за внатрешни работи веќе започнал да работи на план кој што на Германија ќе и даде можност да ги враќа бегалците кои што ќе се обидат да ја минат државната граница.
Според весникот планот би можел да почне да се спроведува во наредниве неколку недели, а колку е тој реален ќе се знае по самитот на ЕУ закажан за 7 март на кој треба да се анализираат потенцијалите на Турција да ги запре бегалците на своја територија пред тие да тргнат кон Европа.
Претходно ЕУ вети над три милијарди евра и забрзани преговори за членство на Анката во ЕУ доколку се согласи со спроведувањето на идејата на Брисел, бегалците да останат во турските кампови за бегалци наместо да одат во Европа.
Канцеларката Меркел пред неколку дена рече дека нема план „Б“ за планот во кој главен актер е Турција и најави поддршка за Грција во обидот на Атина да се справи со бегалската криза, која што стивна со намалувањето на квотите за прием на Австрија и координираното затворање на границите долж „балканската рута“.
Ново на Сител
-
Скопјанец и двајца штипјани нападнати во угостителски објект во Кавадарци
-
Приведено лице од Долни Дисан поради бегство од затворот во Куманово
-
Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата
-
Тони Надал: Рафа живеe нормално, а Ѓоковиќ е најдобар во историјата затоа што не живее нормален живот
-
Приведени двајца дилери од Прилеп, пронајдена дрога и пушка
-
СПМ: На 8 мај народот ќе ја определи својата иднина и иднината на државата
-
Едeн загинат во сообраќајка на експресниот пат Штип - Кочани
-
На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори на 8 мај