„Од септември имаме куп повици поради смрдливките, и речиси во сите делови од Париз, рече експертот за биодиверзитет Роман Гаруст.
Тој додава дека во ова време од годината е важно за смрдливките зошто бараат погодно место за хибернација.
“Бидејќи нашите куќи се добро загреани, тоа е совршено место за нив“, вели тој.
Бубачките брзо се размножуваат па многу тешко може да се ослободите од нив. За една година може да настанат 6 генерации смрдливки.
Британскиот весник наведува дека овие бубачки случајно во 1998 година стигнале до САД по што се прошириле во 40 дрѓави, и им нанесуваат големи штети на посевите.
Се препрачува да не се убиваат во куќите зошто испуштаат непријатен мирис.