И денеска вонреден инспекциски надзор на Инспекторатот за животна средина на две локации во Кумановско


Драги Младеновски, претседател на Комисија за заштита при риболовно друштво ЗСРК Пчиња Куманово, вели дека е разочаран заради поморот на риби.
– Водата е давана на анализи, нема тешки метали, хемија, но овде рибите се задушуваат, нема кислород. Особено кога Пчиња е мала, а од Кумановка се испушта неконтролирано поголема количина, валкана вода, буквално е задушување. Лично јас, со екипи дојдовме и светиме со батерии, рибите се на површина и бегаат по крај, кога ќе се пушти поголема вода, таа го зголемува нивото на реката и тие бегаат на крај и потоа одеднаш реката се намалува и рибите остануваа на суво, умираат, вели Младеновски.
Александар Саздовски, долгогодишен рибар кажа дека угината е поситна риба, подмладок и кажа дека е добро што дел од рибите побегнале нагоре каде водата е почиста.

Државниот инспекторат ќе направи вонреден увид и во фабрика за обработка на зеленчуци во општина Старо Нагоричане. Таму, вчера граѓаните алармираа дека се испушта одредена течност, при што бојата на Пчиња се менува во виолетова.
– Денеска и таму инспекторот ќе направи увид, ќе побара да види дали истата фабрика има елаборат за заштита на животна средина и што е предвидено во елаборатот за третман на технолошките води и потоа ќе има дополнително соопштение од државниот инспекторат за животна средина, посочи Стојковски.
Кумановци се револтирани од однесувањето на поединци во однос на загадувањето на водите во регионот. Тие бараат доследен и сеопфатен ангажман на институциите и високи казни за загадувачите.
Ново на Сител
-

Фицо: Изјавата на Маѓар дека Унгарија граничи со самата себе само ја зголемува напнатоста
-

При зголемен сообраќај, системот ЕЕС во Грција може привремено да функционира без земање биометриски податоци
-

МАСИТ: ИКТ секторот во Македонија достигна 1,77 милијарди евра приходи и 676 милиони евра извоз
-

Путин: Бесмислица е дека ќе го нападнеме НАТО, Русија е подготвена за мир со Украина
-

Од квалификации до финале на Ролан Гарос
-

Песков: Ако Зеленски сака разговор, може да дојде во Москва
-

Трамп: Би било одлично Зеленски и Путин да се сретнат
-

Германија и Франција ќе иницираат нов поттик за проширување на ЕУ на самитот во Тиват
