И денеска размена на артилериски оган во Нагорно Карабах

По целата линија на фронтот во самопрогласената република Нагорно Карабах и денеска продолжува размена на артилериски оган, соопшти ерменското Министерство за одбрана.
– Ерменските единици за противвоздушна одбрана соборија две непријателски беспилотни летала над градот Степанакерт, изјави претставничката на Министерството за одбрана во Ереван, Шушана Степанијан.
Во исто време, азербејџанското Министерство за одбрана утрово соопшти дека ерменската артилерија го гранатира градот Тертер, кој се наоѓа на самата линија на фронтот.
Според достапни извештаи од местото на настанот, ерменската артилерија ја уништува инфраструктурата, а во нападите има и цивилни жртви.
Двете страни меѓусебно се обвинуваат за оваа последна ескалација на насилството, која денеска влегува во четвртиот ден.
Ново на Сител
-

Владата почна постапка за доделување концесии за испитувања за металични минерали
-

Тема на денот со Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Пропадна и денешниот обид за Изборниот законик
-

Марта Кос утре во Скопје на средба со премиерот Мицкоски
-

Поротниците од скопски Кривичен суд од денеска на мирен протест
-

Статистика измери инфлација од 3,4% во јуни, Пазарна констатира зголемени профитни маржи кај трговците
-

Жестока дебата во Собранието за пензиите
