-->
-->
И денеска ќе имаме врнежливо време
-->

Времето во Македонија денеска ќе биде претежно облачно и свежо со повремен локален дожд, особено на југ. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец.
Утринската температура ќе се движи од девет до 16, а дневната од 15 до 21 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со услови за слаб дожд. Температурата ќе се движи од 13 до 19 степени.
До петок ќе се задржи променливо облачно и свежо време со повремен локален дожд, особено на југот. В петок врнежите ќе бидат полокализирани, а в сабота се уште на повеќе места ќе има зголемена облачност, но ќе биде суво.
Во недела и понеделник ќе биде претежно сончево и малку потопло, преку денот, но со пониски утрински температури. Нов влажен бран се очекува од средината на наредната работна седмица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Миризбата која ги вознемири скопјани доаѓа од пожарот во Ѓорче Петров, сите сили фокусирани на ова жариште
-

Четири нови сомнителни случаи со западно-нилска треска, меѓу нив има и дете
-

Не влечениот, туку лицето што влече е починатиот струмичанец - претходела тепачка
-

Повреденото дете се уште критично
-

Кривични пријави за две лица и фирма од Струмица, се сомничат за затајување данок, перење пари и лихварство
-

Мицкоски со критики до опозицијата - имаат тотално непознавање на економијата
-

Еврокомесарката Кос најавува дека оваа есен ќе биде „есен на проширувањето“
-

21 барање за 5-ти и 6-ти обид за ин витро на државна сметка
