Хуманитарни настани за помош на Мартин Стојаноски

Културно-уметничкото друштво „Илинден“ од Струга во соработка со центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во сабота на 11 мај организираат хуманитарен концерт за помош на 23- годишниот Мартин Стојаноски од Струшкото село Драслајца, кој се здобил со тешки повреди на рбетниот столб во сообраќајна незгода.
За повторно да застане на нозе на Мартин му се потребни 150.000 евра за лекување во Русија.
За таа цел од хуманитарен карактер е и денешното дерби на стадионот „Караорман“ во Струга меѓу фудбалските клубови Лабуништа, чиј голман бил Стојаноски и Пелистер.
Со хуманитарни настани се приклучуваат и КУД „Дримкол“ од Вевчани, студиото за танц „Бах“, професионалниот фотограф Кристина Затуроска, државното музичко училишта „Тодор Скаловски“, како и други стружани.
Сите хумани граѓани што сакаат да донираат за Мартин, тоа може да го направат со вртење на телефонските броеви 143 107 на Телеком и 143 462 на ВИП, како и на жиро сметка: 210-7000006495-51 NLB.
Ново на Сител
-

Филипче не попушта ни по лидерската, инсистира на техничка влада
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Лидерска средба без СДСМ
-

ДИК ги објави конечните резултати од повторените избори
-

Прв смртен случај со грип оваа сезона – почина 75 годишна жена на Инфективна
-

Со задолжување од милијарда евра ќе се враќаат стари долгови, но ќе следи уште едно во следното тримесечје
-

Ќе има ли доволно пазарни инспектори за контрола на новиот закон за пушење?
-

Проектот Мој ДДВ не се укинува
