Хуманитарни активности на Црвениот крст од Кочани

Општинската организација на Црвениот крст Кочани од денеска почна да спроведува хуманитарни активности за справување со студениот бран. На ниските температури што ја зафатија државата, ОО на Црвен крст во соработка со Центарот за управување со кризи, Центарот за социјални работи и Локалната самоуправа на општина Кочани, започнаа со вршење посета во домашни услови на социјално загрозени, стари и изнемоштени лица и оние кои живеат сами.
- Досега посетивме 11 социјално загрозени лица и поделивме 11 пакети со храна. Во соработка со НО „Благородна мисија“ се дистрибуираат и ќебиња на социјално ранливи категории граѓани, рече Анета Коцева, секретар на ОО Црвен крст - Кочани.
Акцијата ОО на Црвен крст Кочани и невладината организација „Благородна мисија“ ќе ја спроведуваат и во наредните денови, а оттаму истакнуваат дека и понатаму остануваат отворени за помош на сите кои навистина им е потребна во овие ниски температури.
Ново на Сител
-

Земјоделците (не)задоволни од новите построги правила за субвенции
-

Тема на денот со Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ
-

Владата избра 9 нови амбасадори
-

Советот на јавни обвинители даде позитивно мислење за четворица кандидати за државен јавен обвинител
-

Вонреден инспекциски надзор во Правда, бараа објаснување за полагање на правосудниот испит
-

Уставен пред комплетирање - се чека изборот на нови судии за одлука за Законот за јазици
-

Протест на ССМ пред Владата
-

СДСМ обвинува дека Мицкоски го користел владиниот авион приватно, Владата демантира
