Хуманитарна трка за основање центар за Вилсонова болест

Основање регионален центар за поддршка на заболени од Вилсонова болест, е целта на втората хуманитарна штафетна трка „Подај рака 2016“ што треба да биде одржана на октомври годинава.
Трката ја организира Здружението на граѓани за лица со ретка болест Вилсон – Македонија, со финансиска поддршка од ОКТА. Средствата од котизацијата ќе бидат наменети за основање на центарот кој ќе им користи на заболените и нивните семејства, но исто така и на медицинскиот персонал за вмрежување и добивање повеќе информации за болеста.
Со одржување на трката ќе биде одбележан и меѓународниот ден за зголемување на свесноста за болеста.
Вилсонова болест е ретка и затоа нема доволно знаење, информации и развиена свесност за неа. Болеста доведува до нарушување на метаболизмот преку кое се таложи бакар на црниот дроб, мозокот и очите. Со оглед на тоа што бакарот може со години да се таложи во црниот дроб, болеста се открива доцна, од 6-20 години, а последиците од ненавремен третман со терапии се фатални за заболените.
Хуманитарната штафетна трка, 4х1000 метри ќе се одржи на 15 октомври, сабота, во 11:00 часот, на кејот на реката Вардар, во близина на мостот кај Хотел Александар Палас. Секој тим се состои од 2, 3 или 4 учесници и може да е мешан - машки и женски. Вкупната должина што секој тим треба да ја измине е 4.000 метри. Трката има и симболичен натпреварувачки карактер во категориите семејство и пријатели или за корпоративни тимови.
Организаторите информираат дека цената за регистрација за штафетната трка изнесува 600 денари по тим. Секој учесник има можност да купи и маичка со лого на настанот по цена од 200 денари. Заинтересираните за учество во акцијата може да се регистрираат на линкот: https://www.smartrace.
Во рамките на настанот ќе се организира и детска штафетна трка на 7 минути за деца до 12 години. Учеството во детската трка е бесплатно.
Ново на Сител
-

По сомнеж од мајката, при преглед на ГАК откриена бременост кај 14-годишно девојче
-

Приведен 30-годишен велешанец, украл телевизор од домот на сограѓанин
-

26-годишник од с.Волково повреден со остар предмет при расправа за паркинг
-

Две лица од Крива Паланка, едниот од нив малолетник, физички нападнале службени лица од АХВ
-

Захарова: Европа ќе биде првата жртва ако Зеленски добие нуклеарно оружје
-

Мицкоски: Намалувањето на ДДВ дава резултат, во понеделник очекувам поевтинување на бензините
-

Трамп најави дека Куба е „следна“
-

Прекумерната тежина е сериозна хронична болест во Македонија
