Македонија
22. December 2015 - 9:09

Хуманитарна аукција на Друштвото на ликовни уметници

Друштвото на ликовни уметници на Македонија денеска во Домот на Армијата на Република Македонија организира хуманитарна аукција на уметнички дела.

На аукцијата ќе бидат понудени дела од познати македонски ликовни уметници, а почетната цена на секое од нив ќе биде 600 денари. Собраните средства ќе бидат наменети за лекување на Александра – Сашка Робев, која боледува од Adenocarcinoma pancreatic или малигна неоплазма на панкреасот.

Аукцијата се организира со поддршка на Дирекцијата за култура и уметност на град Скопје, винарија „Темов“ и Европскиот универзитет.

Сашка Робев е ликовен уметник кој долги години работи како графички дизајнер. На Робев и е потребен посебен третман за пациенти заболени од канцер во клиника во Берлин.