Хуманитарна акција „Подари со радост“ на „Епилепсија Македонија“

Од денеска до 17 декември, здружението „Епилепсија Македонија“ во Прилеп ќе ја спроведе хуманитарната акција „Подари со радост“. Во пет маркети во градот ќе бидат поставени кошнички во кои граѓаните при пазарувањето може да остават производи по желба кои ќе бидат наменети за социјално ранливите семејства.
Како што објаснува Дејан Бунески, претседател на здружението „Епилепсија Македонија“, хуманитарната акција е во пресрет на големиот христијански празник „Свети Никола“, кој е и патрон на градот. Акцијата се одржува втора година по ред.
– Хуманоста на граѓаните се покажа лани, а верувам така ќе биде и годинава. Сакаме да го доловиме тој хуман момент врзан за светецот -заштитиник на Прилеп, Свети Никола кој делел храна на изнемоштените, на болните и на сиромашните. Пожелно е, во акцијата што се спроведува во пет маркети („Бонита“, „Џими маркет“, „Мега“, „Шопе“ и „Форум“), производите што ќе се оставаат во кошничката со логото на Здружението да бидат со подолготраен рок на употреба. Акцијата почнува денес и ќе трае до 17 декември кога ќе ги приготвиме пакетите за социјално ранливите семејства во пресрет на празникот „Свети Никола“ кога ќе им бидат поделени, рече Бунески.
Акцијата се спроведува со поддршка на прилепската локална самоуправа и во соработка со Центарот за социјални работи.
– Во Прилепскиот регион, опфаќајќи ги и општините Долнени и Кривогаштани има околу 2.000 социјално загрозени семејства со постојана помош. Ваквите хумани акции секогаш ќе ги поддржуваме и ќе се вклучиме со пригоден пакет со прехранбени производи, вели Дејан Тошески, в.д. директор на Центарот за социјални работи, нагласувајќи дека од вторникот почна да функционира и канцеларијата на Центарот во селото Ропотово, општина Долнени, а до крјаот на месецов ќе почне да работи и во општина Кривогаштани.
Во рамки на акцијата „Подари со радост“, во сабота на плоштадот „Методија Андонов Ченто“, здружението „Епилепсија Македонија“ од 10 до 15 часот ќе постави штанд на кој граѓаните ќе може да донираат производи.
Од Здружението најавуваат дека ќе спроведуваат вакви иницијативи и на другите поголеми христијански празници. Лани,биле подарени големи пакети на 11 социјално загрозени семејства, без разлика дали имаат член во семејството со епилептични нарушувања.
Ново на Сител
-

Захарова: Може да се забележи бавен, но постојан напредок во преговорите со САД
-

ТИТАН Усје тврди дека работи законски
-

Ким Џонг Ун посети градилиште за подморници на нуклеарен погон
-

Ѓорѓиевски: Без ниту еден глас против донесен Буџетот на Град Скопје, следува преродба на градот
-

Министерството за правда ќе формира работна група за Изборниот законик
-

Николоски: Граѓаните да внимаваат и да купуваат стан кој веќе е изграден, а не во градба
-

Мицкоски: Јавноста да биде спокојна, нема да примаме мигранти, немало никакви разговори
-

Тошковски: Со воведување на проектот „Безбеден град“ намален е бројот на повредени од сообраќајки
