Македонија
5. July 2022 - 12:23

Хуманитарен турнир во уличен баскет за помош на децата со попреченост

 Професионални кошаркари и рекреативци играат баскет за лицата со попреченост. Нивната цел е преку хуманитарен турнир во уличен баскет да ја подигнат свеста за проблемите со кои се соочуваат децата со попреченост, а истовремено да обезбедат  средства за сензорна соба во училиштето во Босилово. Иницијативата доаѓа од еден од родителите на дете со аутизам според кого изградбата на ваква специјализира соба ќе биде од големо значење за инклузијата на овие деца.

Турнирот доби поддршка и од општина Босилово со најава дека во најскоро време ќе обезбедат соодветни услови за образование на децата попреченост не само преку изградба на сензорна соба, туку и со ангажирање на соодветен кадар.

На хуманинтарниот турнир учествуваат 16 екипи од цела Македонија, а ќе трае до крајот на неделата.