Хуманитарен Новогодишен базар „Топли срца – ладни шепи“

Интернационалната ветеринарна студентска асоцијација – ИВСА Скопје денеска организира Новогодишен хуманитарен базар со цел собирање средства за бездомните животни.
-Го организираме хуманитарен базар токму во името на оние кои немаат избор – безгласните животни, каде што ние сме нивниот глас и тука сме да ја пренесеме нивната порака …. која гласи: Улиците НЕ СЕ и НЕ СМЕАТ да бидат нивно живеалиште, велат од ИВСА.
Новогодишен хуманитарен базар ќе се одржи од 12:00-17:00 часот во Кафе Бар Синдикат, а ќе може да се купат производи по симболична цена изразботени од ИВСА, како и производи од изложувачи кои ќе учествуваат и донираат на овој Базар.
Собраните средства ќе се донираат на Amos Shelter – прифатилиштето за бездомни животни кое ги згрижува и одгледува на хуман начин.
Интернационална ветеринарна студентска организација – Скопје (IVSA) е непрофитна, невладина организација управувана од студенти при Факултети за Ветеринарна медицина ширум светот. Организацијата е членка на глобалната IVSA од Септември, 2017 година.
Ново на Сител
-

Приведени 13 лица во акцијата „Филтер“
-

СДСМ: Мицкоски нема официјални средби во Њујрок
-

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ја продлабочува соработката со САД
-

Пратенички прашања во Собранието
-

Бизнисот чека крај на кризата на Блискиот Исток
-

Педесет проценти од пиперките скапаа по нивите, сега цената се покачи, земјоделците очекуваат да остане така
-

Заливот на коските и Самоиловата тврдина најпосетени локалитети
-

Преглед на вестите од светот
