Хулкенберг ја критикуваше Ф1: Емоциите на трките се природни
Германскиот возач на Заубер, Нико Хулкенберг, изрази збунетост од новото правило на Светската автомобилистичка федерација (ФИА) со кое се забранува употреба на непристојни зборови во Формула 1.
- Изненаден сум и не разбирам зошто постои ова правило. Се прашувам како ФИА планира да го спроведе, формулацијата е премногу нејасна. Низ годините на мојата кариера, никогаш не сум слушнал никакви поплаки за начинот на кој пилотите се изразуваат. Напротив, на гледачите им се допаѓа искреноста. Во Формула 1, тркачите веднаш се фатени во блицовите на камерите, исполнети со адреналин, по битката на патеката. Природно е дека во моменти како овие може да се искажат зборови што вообичаено не ги користиме, изјави Хулкенберг за „Racingnews365“.
Тој нагласи дека и самиот избегнува непристојни зборови: „Никогаш не сум бил од оние кои пцујат. Ова не е за мене“.
Пилотот исто така изрази сомнеж за потребата од „емоционална цензура“ во спортот каде страстите се дел од спектаклот.
Сезоната во Формула 1 започнува во Австралија на 16 март.
Ново на Сител
-
Намален бројот на сообраќајки, прекршоците не стивнуваат
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Меѓувладина седница во Будимпешта – Македонија и Унгарија на иста страна за мир во Украина
-
По тензиите во Белата куќа и Лондонскиот самит, клучна недела за Европа и Украина
-
Ахмети: Ако го допрат Законот за јазици нема да има локални избори
-
ССМ: Или повисок минималец или генерален штрајк
-
Вработени во Филхармонија на нов протест поради незаконското избирање на нов директор
-
За електронски индекси студентите ќе си почекаат