Хук: САД не сакаат конфликт со Иран, а на напад ќе одговориме со сила

Американскиот пратеник за Иран Брајан Хук рече дека САД не сакаат конфликт со Иран, но во секој случај сакаат да изградат меѓународна одбрана во регионот.
Хук нагласи дека војната со Иран „не е неопходна”, дека САД не бараат никакви конфликти во регионот, но дека ако бидат нападнати „ќе одговорат со воена сила”.
Тој истакна дека САД се обидуваат да добијат поддршка за меѓународни поморски сили во Персискиот Залив, првенствено за заштита на нафтени танкери.
Американскиот претставник оцени дека Иран се уште е најмалку една година од изградбата на нуклеарно оружје.
Хук, кој ќе се сретне со дипломати од земјите на ЕУ потписници на нуклеарниот договор со Иран, кои сакаат да го задржат во сила, ги повика американските сојузници да воведат повеќе санкции за таа земја.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски
-

Се помалку надеж за мир
-

Пожар во поранешен „Декортекс“, изгореа машини и магацин
-

Може ли иницијативата на Мерц да го придвижи процесот на проширување на ЕУ?
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче соработува со лица кои го негираат македонскиот идентитет
-

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата
-

Семејно насилство: Статистиката расте, но се буди и свеста за пријавување
-

Судството со 300 наместо потребните 456 судии, недостасува и администрација
