Бизнис
30. July 2019 - 18:58

„Хуавеј“ забележа раст во продажбата, и покрај американските рестрикции

Кинески „Хуавеј“ во првата половина од годината забележал двоцифрен раст на продажбата и покрај тоа што беше ставен на американската црна листа. Првиот човек на компанијата, Лианг Ху, денеска изјави дека кампањата на Вашингтон против кинескиот технолошки џин „ само го поттикна нашиот народ“.

„Хуавеј“ веќе неколку месеци жестоко се бори да ја задржи високата пазарна позиција откако администрацијата на Доналд Трамп во мај ја блокира продажбата на американските компоненти и технологија потребни за кинеската компанија, најголемиот светски производител на опрема за мобила телефонија и втор најголем светски бренд, по „Самсунг“, меѓу паметните телефони.

-Продажбата претрпе извесни последици, но „Хуавеј“ го избегна прекинот во испораката на паметни телефони, опрема за мрежите на мобилната телефонија и другите производи, изјави Лианг Ху на прес конференција, пренесе Фена

Тој објасни дека „Хуавеј“ оттогаш ја смени понудата на свои производи за да се обезбеди дека ќе може да ги испорача и без американските компоненти, доколку тоа се покаже за потребно.

-Притисокот на американската Влада на некој начин ни помогна подобро да ги сфатиме нашите цели. Тоа ја подобри соработката меѓу шест различни сектори на фирмата, го поттикна нашиот народ и ја засили нашата компанија, рече Лианг.

Во првите шест месеци од оваа година продажбата ни нарасна за 23 отсто, на 401,3 милијарди јуани ( 8,3 милијарди долари), тврди Лианг.

Тоа претставува раст во продажбата во однос на податоците од 2018 година кога беше забележен раст од 19,5 отсто, Но Лианг предупредува дека „Хуавеј“ „ во втората половина од годината се уште ќе се соочува со тешкотии во работењето“.