-->
-->
Хуавеј Супер купот за МЗТ Скопје Аеродром
-->
Екипата на МЗТ Скопје Аеродром е освојувач на првиот трофеј во новата сезона од мак баскетот, откако синоќа во Охрид победи во „Хуавеј Супер Купот“.
„Металците“ во финалето славеа победа над вечниот ривал Работнички со 81:62 и сосема заслужено го освоија трофејот.
Работнички даваше отпор само едно полувреме, а потоа до израз дојде квалитетот и долгата клупа на МЗТ Скопје.
Капитените на финалистите, Марко Симоновски (МЗТ)и Димитар Мираковски (Работнички) беа најефикасните кошаркари на средбата со по 17 односно 16 поени.
Во редовите на победникот солидно одиграа и Данило Мијатовиќ со 16 и Ѓорѓе Дреновац со 13 поени. Кај Работнички , покрај Мираковски одлично одигра и репрезентативецот Бојан Крстевски со 15 поени и 6 скока.
По крајот на финалето, претседателот на МКФ , Петар Наумоски му врачи врамен репрезентативен дрес на еден од творците на македонската кошарка, легендарниот Лазар Лечиќ.
Вредни награди од спонзорот на Супер Купот „Huawei“, најнови модели на мобилни телефони „Хуавеј“ по крајот на добија најдобриот стрелец и најкорисниот кошаркар на „Хуавеј Супер Купот“, Дреновац и Мираковски.
Турнирот во Охрид беше увертира на претстојната сезона во Првата лига која почнува на 10 октомври.
фото: www.basketball.org.mk
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право