Хрватскиот опозициски пратеник Пернар заработи два месеци затвор условно

Опозицискиот пратеник во Хрватскиот сабор, Иван Пернар на својот профил на Фејсбук објави дека му е изречена условна затворска казна од два месеци, доколку го повтори кривичното дело за кое е осуден во период од една година.
Во објавата Пернар не прецизира зошто е осуден, туку само најавува дека неговата „борба против криминалната власт сега ќе биде десетпати посилна“.
Тој тврди дека целиот судски процес против него бил политички мотивиран, дека пред Судот биле изведени лажни сведоци и дека е осуден без да му биде дозволено да се брани.
- Процесот е политички мотивиран и монтиран. Ги отфрлам обвинението, пресудата и лажните сведоци. Ме прогласија за виновен, а не добив можност да ја изнесам својата одбрана, напиша Пернар на својот профил на Фејсбук, најавувајќи дека се ќе објасни идната недела.
Ново на Сител
-

Променливо облачно време, од петок локален дожд и засилен северозападен ветер
-

Од училници до дипломатија – Како Кина ги гради врските со Македонијa
-

Убиство во Скопје: Ќерка ја пронашла мајка си мртва во семејната куќа
-

Kривична за намерно предизвикување стечај
-

Усвоени измените на Законот за јавни набавки
-

Со македонски пасош олеснето може да се патyва во 114 држави во светот
-

Играј online: Лото 7 и Џокер на Државна лотарија
-

Инстант лоз „Златна треска“ на Државна лотарија
