Хрватски УСКОК поднесе обвиненија против членови на меѓународна група шверцери на мигранти

Хрватската Дирекција за борба со корупцијата (УСКОК) покрена обвинение против четворица Хрвати и уште осум лица од шест земји за шверц на голем број мигранти од Србија во Хрватска и од таму за Словенија и другите земји од ЕУ, пренесе агенцијата Хина.
Освен против четворицата Хрвати, обвиненија се покренати и против две лица од Пакистан, по еден државјанин на Бангладеш, Нигерија, Авганистан и Босна и Херцеговина, како и против две лица од Србија, информира Дирекцијата на својата интернет страница.
Лицата се обвинети дека од крајот на минатата година до април 2015 година се поврзале и заедно дејствувале на прифатот, превозот и префрлањето на голем број странци од Србија во Хрватска и од таму за другите земиј од ЕУ.
УСКОК има сознанија дека во овој период обвинетите од Србија во Хрватска префрлиле 11 странци и од Хрватска во Словенија уште 32 странци, за што добиле 16.650 евра и 130.000 куни.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Никола Србов, историчар
-

Мицкоски верува во решение преку дијалог со Бугарија - Филипче бара европска иднина
-

ВМРО-ДПМНЕ со 3,5 пати поголем рејтинг од СДСМ
-

Кризната состојба за горивата ќе продолжи до април, намалено ДДВ за дизелот до 20 октомври
-

30.000 вакцини против грип пристигнаа во земјата – имунизацијата за една недела
-

Скопското Кале ќе биде прогласено за културно наследство
-

Оризовите стрништа го палат алармот кај пожарникарите
-

Од 20 - 30 питачи од најмала возраст во Oхрид
