Хрватската војска го промовира беспилотното летало „Орбитер 3“

На сињскиот аеродром Пикет денеска беше претставено беспилотното летало „Орбитер 3“ кое, како што беше соопштено, ќе ја зголеми способноста на Хрватската војска во делот за собирање податоци од воздух и нивната важност за системот за национална безбедност и улогата во противпожарната сезона.
Станува збор за нов систем што се користи за потребите на Министерството за одбрана и Министерството за земјоделие, соопшти хрватското Министерство за одбрана.
Презентацијата на системот „Орбитер 3“ ја прикажа улогата на леталото без екипаж во противпожарната сезона.
Конкретно, според дојава од Оперативната пожарникарска команда во Дивуља за сомнителни појави на теренот, што упатувале на потенцијални пиромани, посадата на беспилотното летало ја одредило целта и го почнало набљудувањето. При надзорот било воочено можно подметнување пожар меѓу ниска вегетација, а во моментот кога операторот почнал да го спушта леталото потенцијалниот пироман го забележал и се откажал од својата намера.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Венко Филипче, лидер на СДСМ
-

Филипче бара извинување од Мицкоски, премиерот ја нарече одлуката на обвинителството скандалозна
-

Опозицијата поделена по понудата за предвремени избори
-

Во Скопје детектирани 13 високо ризични места за ширење на западно-нилскиот вирус
-

Прекината епидемијата во Гостивар
-

Чадот од пожарите го загрозува здравјето - најчувствителни се децата и хронично болните
-

Училишниот прибор ќе поевтини до 15 проценти, Владата ќе носи одлука во вторник
-

Пораст на просечната плата за 6,4% годишно, пензиите од септември повисоки за 6 отсто
