Балкан
11. February 2018 - 11:24

Хрватска прва во Европа по штети, последна по осигурувања

 Хрватска е прва во Европа по економски загуби предизвикани од природни непогоди во БДП, а последна по осигурување на добра, и со тоа штетите се поскапи.

Според податоци на Европската агенција за заштита на животната средина (EEA) Хрватска е водечка меѓу 33 држави од Европа по штети кои во периодот 1980-2015 година во Хрватска изнесувале просечно по 0,2 отсто БДП годишно, односно двојно повеќе отколку европскиот просек.

Во државите членки на ЕЕА во тој период временските и климатски екстреми биле 92 отсто од вкупниот број пријавени катастрофи и околу 83 отсто од вкупните загуби.

За тоа време економските загуби од сите природни катастрофи во државите членки на ЕЕА изнесувале 520 милијарди евра, а осугурителните загуби околу 154 милијарди евра.

Евидентирани се 89.000 смртни случаи, најмногу предизвикани од топлотни бранови, а најмногу под влијание на топлотниот бран во 2003 година кога се пријавени 70.000 смртни случаи.

Според податоци за пријавени штети во Хравтска нивниот број и удел во БДП се менува од година во година. Изнесува меѓу 0,1 отсто во 2013 година односно дури 1,4 отстоБДП во 2014 година. Во 2015 година штетите изнесувале 0,6 отсто, а во 2016 година 0,44 отсто од хрватскиот БДП.