Хрватска останува отворена за прием на бегалци
Во Хрватска досега влегле повеќе од 87.000 бегалци, а во последните 24 часа - 5.800, потврди хрватската полиција.
Бегалците пристигнуваат од Србија и нивниот транспорт продолжува кон Унгарија.
Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ при посетата на прифатниот камп во Опатовац, каде се сместени околу 1.900 лица изјави дека „Хрватска не е во Шенген, но во грижата за бегалците се однесува како да е“.
Тој посочи дека Хрватска нема доволем број полицајци за обезбедување на границите од влез на бегалците, а армијата не е обучена за тоа.
Милановиќ наведе дека бегалската криза мора да престане таму каде што почна, во Грција, која е влезна точка во шенген зоната. Хрватска пред неколку месеци аплицираше за влез во шенген зоната.
- Во таков Шенген не сакаме да бидеме. Таков Шенген е опасен за Хрватска. Грција е членка на Шенгенот, а тие ги сместуваат луѓето во бродови и не ја чуваат својата граница со Турција, што беше најчувана граница во светот, посочи Милановиќ.
Ново на Сител
-
Пензионерите утре ќе добијат повисоки пензии за 2,500 денари
-
Лицата со попреченост и личните асистенти во сабота на протест - Државата ги остави без пари
-
Нивото на Охридското Езеро постојано осцилира
-
За еден ден домаќинките од Општина Босилово подготвија 220 килограми ајвар
-
Преглед на вести од светот
-
Пo 50 години конзервација на мозаиците на локалитетот Стакина чешма во Валандово
-
Преглед на вести од светот
-
Тема на денот со екс амбасадорот во Бугарија, Марјан Ѓорчев