Хрватска ќе се соочи со нови бури: Доаѓа невреме од Словенија
Нови бури се најавени по разорното невреме кое во средата попладне ја зафати Хрватска и однесе четири животи.
Како што може да се види на неколку метеоролошки локалитети кои ги следат моменталните временски услови, во Хрватска во моментов доаѓа ново невреме од Словенија.
Еден од неколкуте фронтови кои доаѓаат од Словенија веќе пристигна над Загреб. Се движеше од правец на Нови Загреб и моментално е над Самоборските Планини и поголемиот дел од Загреб. Од приближно таа насока дојде силно невреме во средата попладне, известуваат хрватските медиуми.
Во Загреб околу 9:15 часот почна да грми, а набрзо почна да врне. Нешто пред 9 часот и 30 минути громовите за кратко време се засилија, а потоа престанаа. Но, тогаш почна да врне посилен дожд, пренесуваат тамошните медиуми.
Вториот фронт пристигна од Словенија во месноста Горски котар, поточно Делнице и Врбовски и се движи кон Огулин.
Третиот фронт се движи од словенечка Постојна кон хрватската граница.
Управата за цивилна заштита издаде предупредување нешто пред 9:30 часот.
„Невреме со грмотевици од Горски Котар се движи во правец на Карловац и Загреб. Од 9 до 10 часот во тоа подрачје треба да се очекуваат обилни врнежи од дожд, молњи и преоден силен ветер, а во помала мера и град“, соопшти Цивилната заштита.
Ново на Сител
-
Утрово најстудено во Берово, најтопло во Струмица
-
Мицкоски: Македонија е верен сојузник на САД, Европа треба да биде принципиелна наместо со двојни стандарди
-
Задутре онлајн состанок на европските министри за одбрана за Украина
-
Трамп го отпушти највисокиот американски воен функционер
-
Поднесено обвинение против три лица кои со секира искршиле и запалиле кафуле во Кисела Вода
-
Задушница - спомен за починатите
-
Бесплатен разглед на Скопје и Битола по повод Светскиот ден на туристички водичи
-
Студено утро, преку ден сончево со мала облачност