Хрватска ја слави 21 годишнината од „Бура“ и Денот на победата

Хрватска се подготвува за централната прослава на Денот на победата и татковинската благодарност, како и Денот на хрватските бранители, во спомен на 21 годишнината од воено-полициската операција „Бура“, со која се ослободени, како што наведуваат хрватските медиуми, подрачја во северна Далмација, Лика, Бановина и Кордун.
На централната прослава во Книн, како што е најавено, денеска се очекува пристигнување на околу 100.000 луѓе од цела Хрватска, јавува Хина.
Програмата на централната прослава во Книн почнува утринава, со подигање на хрватското знаме.
Потоа ќе следи парада до плоштадот „Анте Старчевиќ“, а кај споменикот „Бура 95“ државните претставници ќе положат венци и ќе запалат свеќи во спомен на починатите хрватски војници.
Потоа ќе се одржи црковна миса во книнската црква.
Овогодишната прослава заедно е организирана од хрватските Министерства за одбрана, внатрешни работи и ветераните, како и Канцеларија на претседателката на Хрватска, хрватскиот парламент и градот Книн.
Српските медиуми одбележуваат дека со оваа операција протесрани се 200.000 Срби.
Ново на Сител
-

Ќе има ли договор за Изборниот законик?
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Утре нов обид за договор на пратениците за Изборниот законик
-

Сопственикот на „Пулс“ имал дојави за контроли од полицајци и инспекциски служби
-

Се уште се чекаат вештачењата за избоденото 14 годишно момче во паркот во Ченто
-

Две лица се уапсени за вчерашниот пожар кај Рампа
-

Ангелов: 120 лица секој ден во секој момент да бидат подготвени за распоредување на пожарите
-

Поскапуваат и бензините и дизелот
