Хрватска итно набавува ракетен систем за противвоздушна одбрана од Франција
![](/sites/default/files/styles/large/public/article/teaser-images/2022/december/raketen-sistem-mistral-363359.jpg?itok=OtrADbWp)
Франција во рамки на имплементацијата на Хрватско-француското стратешко партнерство, Политичката декларација потпишана кон крајот на ноември минатата година, и понуди на Хрватска јакнење на соработката во одбранбените прашања. Во рамки на програмата за набавка на борбени авиони Рафал, одобри донација на лансер системи со краток дострел од оргиналниот производител MBDA France, за заштита на воздухопловните бази во кои се наоѓаат авионите Рафал.
– Во согласност со потребите, оружените сили на Република Хрватска изразија потреба за приоритетна набавка на лансер системи со краток дострел Мистрал и ракета Мистрал 3. Наведената набавка е итна и неодложна мерка која е долгорочно сигурносно и одбранбено важна за Хрватска, рече Баножиќ.
Набавката oпфаќа испорака на ракети Мистрал 3 и лансер системи со краток дострел со најнова термална камера, систем за шифрирана електроничка идентификација на цели и комплет за координација на командата и контролата. Обезбеден е и пакет интегрирана логистичка поддршка, обука на персонал и техничка поддршка на производителот.
– Понудата за набавка на ракетен систем за противвоздушна одбрана со краток дострел за склучување договор изнесува 53.850.000 евра со отплатен рок од пет години, а обврските на Министерството за одбрана вклучуваат и зголемување на цените и данок на додадена вредност и така вкупните обврски на Министерството изнесуваат 71.957.138 евра, додаде министерот Баножиќ.
Ново на Сител
-
Намалена видливост поради магла на Стража
-
Ватикан: Здравствената состојба на папата Франциск е стабилна
-
Во Скопје се одржа трет протестен марш „Кој е следен“
-
Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија
-
Шкендија нов лидер вo ПМФЛ
-
Малолетник од Косово удрил двајца пешаци во Скопје, едниот се здобил со тешки телесни повреди - поднесена пријава
-
Meдведев со саркастична порака по суспензија на Синер
-
Напаѓачот кој вчера со нож уби момче во Австрија бил исламист