Во акцијата е вклучена и словенeчката полицијата со оглед на тоа дека кол - центрите биле во Марибор и во Љубљана. Словенечките медиуми претходно објавија дека тамошното МВР откри меѓународна криминална организација која се занимавала со трговија со луѓе, прислувајќи странски државјани да работат илегални работи во кол центри ширум светот.
Кинеските државјани биле затворени во две вили на поширокото загребско подрачје, а во една од 800 квадрати се затекнати 42 кинески државјани, а во друга од 400 квадрати се затекнати 19 кинески државјани, соопштија на конференцијата за новинари претствниците на МВР.
Инаку двајца од нив биле чувари и работеле за Хрватите кои ја воделе опрацијата
Еден Хрват (48) е осомничен дека ги изнајмил куќите кои биле опремени само со минимални услови потребни за живеење, додека другиот, 51-годишник од подрачјето на Загреб, жртвите ги донел во Хрватска. Ги намамиле така што им ветила брза и легална заработувачка, а потоа ги затвориле, им ги озеле документите и ги принудувал за нив со месеци да вршат финансиски измами.