Свет
28. September 2016 - 17:15

ХРВ: Владините сили и ИД користеле хемиско оружје во Сирија

Силите на сириската Влада и џихадистите од групата Исламска држава (ИД) извршиле неколку напади со хемиско оружје во и околу Алепо во август и септември, наведува во извештај прганизацијата „Хјуман Рајтс Воч“ (ХРВ).

Тие тврдат дека во два кварта во источните делови на Алепо ѓто се под контрола на бунтовниците - Ал Сукари и Забдија, биле фрлени бомби со токсични материи на 6 септември и на 10 август.

Пет лица, меѓу кои три деца, загинале, а десетици биле ранети, се вели во извештајот.

Според ХРВ, тешко е да се дознае каква хемикалија е користена при нападите во Алепо без лабораториски анализи.

ХВР наведува дека „најверојатно е употребен хлор“. Веројатните напади со хемиско оружје на ИД се извршени вон тој град.