Хронично болните за продолжување на терапијата да одат кај матичен лекар, кафулињата и рестораните ќе работат до 18 часот
Хронично болните пациенти за продолжување на нивната терапија ќе можат наместо кај лекар специјалист да одат кај матичниот лекар. Оваа е дополнителна мерка која нема да важи за новодијагностицираните пациенти. Се откажуваат сите претходно закажани интервенции на хронични пациенти кои може да се одложи, а ќе има само итни неодложни хирушки интервенции.
Ова денеска на прес-конференција во Владата го соопшти министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека дополнителните мерки вклучуваат кафетериите и рестораните да работат со скратено работно време до 18 часот и внатре капацитетот да биде преполовен, што значи да се задржи дистанцата од метар и пол до два меѓу луѓето кои престојуваат таму.
Додаде дека дополнителните мерки што ги предложи Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство ќе бидат разгледани денеска на седница на Владата, а тие вклучуваат и забрана на сите јавни и приватни собири без оглед на обемот и бројот на учесници – концерти, театарски претстави, кино проекции, спортски сали, теретани, кладилници и казина.
Ново на Сител
-
Пробиштип: Товарно возило удрило во 68-годишна жена
-
Таксист измамил Швајцарец во Скопје за 7.800 денари
-
Двајца косовски државјани тешко повредени во сообраќајка
-
Зеленски: Следната недела нова размена на затвореници со Русија
-
Израелскиот воздушен простор останува затворен за цивилниот сообраќај
-
Во МНР формиран кризен штаб достапен 24 часа за македонските државјани од Израел и Иран
-
Николоски и Трајановски извршиле вонреден надзор над активностите за изградба на автопатот Кичево-Охрид
-
Иран: Нападите врз Израел се чин на самоодбрана