Христодулидис: Кипар е безбедна земја

Нашата земја е безбедна. Нашиот туризам е силен. Да потсетам дека во последните две години имавме рекордни пристигнувања и рекордни приходи од туризмот, порача кипарскиот претседател Никос Христодулидис по состанокот одржан за туризмот по последните случувања во Република Кипар и нападот со беспилотно летало врз британските воени бази минатата седмица, јави дописничката на МИА од Атина.
Христодулидис посочи дека на состанокот било одлучено кои мерки ќе се преземат за справување со предизвиците што произлегуваат од ситуацијата во регионот и нагласи дека кипарскиот туризам „низ годините ја докажа својата издржливост и во овие околности, кога имаме предизвици и нив ќе ги надминеме.“
На почетокот од состанокот со надлежните органи, во воведното обраќање кипарскиот претседател рече дека е потребно да се координираат активностите и, како што посочи, да се исправи „сосема погрешната слика што ја создаваат некои, особено во странство“.
-Важно беше што минатата година, како и 2024 година, беа рекордни сезони по бројот на пристигнувања на туристи, но и по приходите. Добро ја знаете важноста на туристичкиот сектор за бруто-домашниот производ на земјата и за нашата економија и опфаќа многу министерства, па затоа со нас се и четворица министри. Ќе ги разгледаме најпрво податоците какви што се во моментов, како и чекорите што ќе ги преземеме веднаш, среднорочно и долгорочно доколку се појави потреба, објасни Христодулидис на почетокот на состанокот.
Кусо по нападот врз воените бази во Акротири, неколку авиокомпании привремено ги откажаа летовите од и кон аеродромот во Ларнака, нешто што сега веќе е нормализирано, а при посетата на МИА на Кипар, хотелиерите рекоа дека имаат минимални откажувања на резервациите.
Според официјалните податоци од кипарската служба за статистика, минатата година Република Кипар ја посетиле 4.534.073 туристи, односно за пола милион повеќе споредбено со истиот период во 2024 година.
МИА
Ново на Сител
-

Мајмунчето Мики го прослави својот прв роденден, но подароците исчезнаа
-

Дел од локалитетот „Маркови Kули“ пошумен со 6.000 садници на даб
-

„Зелникот на баба“, вкусот на традицијата по 12-ти пат во Пробиштип
-

Тема на денот со Ѓоко Велковски, заменик министер за социјална политика
-

Честит Рамазан Бајрам
-

Брзата помош бележи намален број интервенции на сообраќајки од почетокот на “Безбеден град”
-

Работете од дома, возете помалку, користете јавен превоз - итни препораки од меѓународната агенција за енергетика
-

САД: Руското влијание на Балканот фактор на нестабилност во регионот
