Бизнис
9. January 2023 - 16:33

Храната со најголемо поскапување - лебот е 40 проценти поскап од 2021

Благ пад на инфлацијата во декември, но и натаму останува двоцифрена. Статистиката објави дека трошоците за живот минатиот месец изнесувале 18,7% во споредба со декември 2021 та. Најголем скок на цените е регистриран кај прехранбените производи, транспортот и енергенсите – струја, вода, трошоци за домувањета. Лебот и житата за една година поскапеле за над 40%, млекото, сирењето и јајцата - над 30, месото 28, кафето 20%. Поевтинување во однос на претходниот месец пак има кај компирите, некои видови овошја, пивото, жестоките пијалоци, лебот, горивата.

Експертите велат – бројките на хартија и во реалноста не се исти. Граѓаните се уште не почуствувале дека има некаков пад на цените.

За истиот период Синдикатот пресмета дека на едно 4 члено семејство само за да ги задоволи основните потреби му биле потребни нешто над 43,000 денари. Ако се додаде инфлацијата од 18,7 осто сумата ќе надмине 51 илјада.

Статистика ја измери и годишната инфлација. Во 2022 та изнесувала 14,2%, што е далеку од очекувањата на власта, кои ја проектираа на 12,9 отсто. ММФ очекуваше 10,6, додека Светска банка 12,1 %. На поголем пад сите релевантни институции се надеваат годинава, кога би достигнала 7,1 %

Инаку стапката на инфлација во 2021 та изнесуваше 3,2 отсто.