Храбра ниска женичка претепа крадец, еве што му направи
Крадец заврши в болница откако бил претепан од жената која живеела во куќата што тој сакал да ја ограби во американскиот град Тенеси.
Џо Сотело (34) чукнал на вратата претставувјќи се како некој кој го бара своето куче. Лиса Морлок (52) отворила и во истиот момент се нашла во борба со натрапникот.
Пред крадецот да го извади пиштолот, таа ја зграпчила својата бејзбол палка и се одбранила. Во куќата во тој момент биле и нејзината 18-годишна ќерка со нејзиниот пријател. Крадецот успеал да побегне, но набргу потоа е уапсен. Се утврди дека човекот под маската бил нивни семеен пријател.
- Веројатно го шокирала мојата снаодливост. Не беше нималку пријатно да се совлада сопствениот страв и да се реагира, изјави Лиса по настанот.
Интересно е тоа што оваа храбра жена е висока само 150 сантиметри.
Ново на Сител
-
Поднесено обвинение против 13 луѓе за трагедијата во Нови Сад
-
Рајндерс останува во Милан до 2029 година
-
Тројца странци загинаа во пожар во хотел во популарна туристичка област во Бангкок
-
Владата на Јужна Кореја нареди безбедносна проверка на сите авиони Боинг 737-800
-
Кривична за 13 лица за криумчарење луксузни возила, меѓу нив и вработени во МВР
-
Најстудено со -8 степени во Берово, 4 во Гевгелија
-
Најмалку 70 луѓе загинаа во Етиопија откако преполн автобус падна во река
-
Почина поранешниот американски претседател Џими Картер