Храбар-Китаровиќ: Хрватска и Србија да изградат односи на меѓусебно почитување
Уште многу вода ќе протече низ Дунав додека се развие пријателство меѓу Хрватска и Србија, но двете држави имаат обврска поради интересите и благосостојбата на народите, да направат се за да изградат што подобри односи, изјави вчера хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ.
Таа, во својот говор на свеченоста на Сињската алка во Вуковар, наведе дека Хрватска сака да соработува со Србија во духот на добрососедските односи и да и помогне на патот кон Европска унија.
- Како хрватска претседателка, но и како мајка не сакам да видам ниту една жена да тагува за дете загинато во војна. Се ќе направиме да ги сочуваме мирот и стабилноста, а затоа е клучен нов чекор во хрватско-српските односи, посочи Грабар-Китаровиќ.
Таа додаде дека е време Хрватска и Србија да повлечат црта и да почнат да градат односи на меѓусебно почитување.
Ново на Сител
-
Обвинителството бара притвор за 42-годишната жена која вчера со автомобил удри во пешак
-
Малолетничка од Скопје физички нападната од таткото и братот
-
Тешка сообраќајна несреќа на автопатот Тетово – Скопје
-
Утре во 17 часот нов протестен марш во Скопје за Фросина
-
Вучиќ: Тргнаа во напад на Србија однадвор, поддржани од многумина одвнатре
-
Кумановка измамена за 30.000 евра - повторно измамата во која наводно нејзина ќерка прегазила дете
-
Мицкоски: Надлежните се на терен во сите поголеми супермаркети, се прави анализа, детали од понеделник
-
Поранешниот германски претседател Хорст Келер почина на 81-годишна возраст