ХОТАМ: Потребни се нови модерни хотели за развој на туризмот

Потребни се нови сместувачки капацитети и зголемување на бројот на легла во Македонија за развој на туризмот, смета претседателот на ХОТАМ Крсте Блажески.
Според него, бројот на сместувачки капацитети треба да се зголеми двојно и тоа во модерни хотели.
- Треба да направиме се што е потребно за градење нови капацитети и зголемување на бројот на легла во Македонија. Нас ни се потребни вистински модерни хотели, да не бидат одмаралишта или станбени згради претворени во хотели, вели Блажески.
Годинава, посочи тој, имало над 750.000 ноќевања, што оцени дека е добра бројка во однос на сместувачките капацитети. Посебно смета дека треба да се работи на истоичниот дел од државата. За развој на туризмот во Македонија, како што нагласи првиот човек на ХОТАМ, ќе придонесе и подобрувањето на инфраструктурата, изградбата на автопатиштата и реконструкцијата на магистралните и регионалните патни правци.
Очекува за брзо да бидат изготвени плановите за туристичките зони и транспарентно да бидат прикажани со што ќе се изнајдат инвеститори. Според најавите предвидено е изградба на туристички зони во Охрид и Струга, а како варијанта била споменувана и Радожда.
- Туристичките зони опфаќаат плацеви за градба на хотели, шопинг центри и други пропратни објекти што треба да ги има една туристичка дестинација. Очекуваме позитивни резултати од тие зони и понудата што ќе ја дадат, изјави Блажески.
Тузримот е брзо ратсечка гранка, во светот лани се надмина бројката од една милијарда посетители. Низ Европа најчесто шетаат туристи од Јужна Кореја, Јапонија и Кина, а Македонија како дел од Балканот често влегува во тие кружни тури.
Ново на Сител
-

Расте понудата, но расте и цената – апсурдите на пазарот на недвижности
-

Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд
-

Пратениците пешки, со автобус или два часа порано на работа поради блокадите на ССМ
-

Мицкоски гледа политичка заднина во протестите на ССМ
-

Транспаренси: Македонија без напредок во корупцијата, критики за неуспешни реформи во правосудството
-

Ќе се чешлаат сите лиценцирани фирми за канабис, премиерот очекува заплена и до 100 тони
-

Мицкоски: Има политичка волја за правосуден и на други јазици
-

Вештак од Словенија открил низа пропусти во лекувањето онколошки пациенти во Македонија
