Хоспитализирани 92 пациенти со Ковид-19 во Велешката болница
Во велешката болница вкупно се хоспитализирани 92 пациенти, од кои 77 се позитивни, осум сомнителни и седум пациенти се со негативен брис, но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 41 пациенти.
-Ова е најголем број на хоспитализирани од почеток на ковид-пандемијата. Вчера беа 88 и секој ден за жал бројот на болни се зголемува, информира портпаролот на болницата д-р Елеонора Јованова.
Таа соопшти дека еден пациент со потешка слика е транспортиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Испишан е еден пациент како оздравен со еден негативен тест.
Јованова информира дека на Инфективното одделение има 54 пациенти колку што има и кревети, во модуларната болница има 30 пациенти од вкупно 47 кревети и на Интерно Б крак има осум пациенти кои се сомнителни или се лекуваат со последици по прележан Ковид-19.
Ново на Сител
-
Ден на победата над фашизмот
-
Пукање синоќа во Штип - Едно лице повредено, напаѓачот во бегство
-
Во Кривичен треба да почне судењето за сообраќајката во која животот го загуби Фросина Кулакова
-
Променливо облачно, попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд
-
Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Лав XIV
-
Прв говор на папата Лав Четрнаести: Бог нè сака сите, безусловно
-
Девизните резерви на крајот на април 4,77 милијарди евра
-
Македонските ракометари ја совладаа Естонија во евроквалификациите