Меѓу настраданите во невремето се и две деца, додека над 100 се повредени, вклучувајќи и шест српски државјани.
Шефот на грчката дипломатија Николаос Дендијас упати сочуство до семејствата и пријателите на жртвите и порача дека надлежните екипи работата на тоа да се санираат штетите, најбрзо што може.
Во здравствениот центар во Мудања се прегледани 120 лица по силното невреме што го погоди полуостровот Халкидики, соопшти грчкото Министерство за здравство.
Од 120 лица, 9 се хоспитализирани во болницата „Папаниколау“ во Солун, каде една жена се наоѓа на интензивна нега, 12 се сместени во болницата Полигрос на Халкидики, а пет деца во Гениматас со полесни повреди.
Сите болници и здравствени центри на северот од Грција се ставени во состојба на подготвеноста, пренесе АНА.
Да потсетиме, бурата беше толку силна што од ударот потоа смачка камп приколка во која настрадаа двајца постари чешки туристи, а еве како изгледа возилото:
Погледнете како изгледа Халкидики по катастрофата.