-->
-->
Хорор во Тузла: Тројца осомничени за брутално силување на маж
-->

Припадници на Секторот на криминалистичка полиција на Министерството за внатрешни работи на Посавскиот кантон во вторник навечер уапсиле тројца мажи во градот Оџак, заради сомневање дека силувале маж од подрачјето Тузла.
Таа информација вчера е потврдена од полицијата.
– Инспектори постапиле според писмената наредба на обвинителството на Оџак и во тој град извршиле претрес на семејната куќа и помошните простории кои ги користи 56-годишниот Н.В., чиј целосен идентитет заради истрагата не можеме да го откриеме. Претресот го извршивме околу пладне, а сопственикот на недвижнини го уапсивме околу 15.30 часот. Потоа, околу 17 часот, уапсивме 59-годишен маж од Ново Село кај Оџак, кој исто така ги користи тие простории, а уапсен е и 48-годишен маж од Оџак – велат полициските извори.
Сите тројца се сомничат дека извршиле кривично дело силување над маж од Тузла. Жртвата е стара помеѓу 50 и 60 години, а случајот на силување го пријавила неговата сопруга пред неколку дена.
– Постојат сомневања дека трите мажи извршија кривично дело силување на особено суров или понижувачки начин. За жал, во овој момент не можеме да откриеме повеќе детали за ова апсење, бидејќи истрагата се води под надлежноста на правосудното тело на Посавскиот кантон – вели извор за Аваз.
Според службените информации, за ова кривично дело е предвидена затворска казна во траење од три до петнаесет години.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Од минималецот да почне плаќањето по час, предлагаат работодавачите - ССМ: Сега вреди 2,5 евра - тоа е мизерно
-

Филипче: Нема да дозволиме отворање на рудникот Иловица - Штука
-

Тема на денот со Шимон Коловња, потпретседател на полското собрание
-

Второ убиство во Ѓорче Петров
-

Даночни инспектори обвинети за поткуп - му откривале на Деко кога ќе има контроли во „Пулс“
-

Дигиталното насилство како реална опасност
-

Расте бројот на деца жртви, но и на малолетници кои прават прекршоци
-

Владата формира национален комитет за заштита на новинари
