-->
-->
Хорор во Србија: Тепачка помеѓу малолетници заврши трагично, убиен 13 годишник
-->

Во фатална тепачка која се случила на поткровје од куќа во Нишка бања, беше убиен 13-годишен малолетник, откако врсник го прободел со нож.
Сето тоа се случило во домот на момчето кое е осомничено дека му нанело фатални повреди на својот пријател.
Соговорниците наведуваат дека членовите на семејството се познати по насилство, а посочуваат дека малолетникот подолго време носел нож со себе.
Инаку, момчињата кои се тепале се школски другари, од исто одделение, односно се седмо одделение. Родени се во 2010 година.
Засега не е познато кој би можел да биде мотивот за тепачката.
Другото момче е пренесено во болница и е во шок.
Полицијата ги утврдува сите околности на овој случај.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Поевтинуваат горивата, Мицкоски бара маркетите веднаш да ги намалат цените на основните производи
-

Размена на ресори можна опција во владината реконструкција
-

Гаши утре на средба со бугарската колешка Доцова во Софија
-

Амандманска расправа за законите за судска и јавнообвинителска служба
-

Сите осомничени за криминалот во ФФМ се обезбедени
-

Нема решение за 50-те лица кои останаа без договори за работа на Детска клиника
-

Партиите со меѓусебни обвинувања – Кој ги брка младите од државата?
-

Сиљановска: Без финансии нема независно судство
