-->
-->
Хорор во скопско: Тракторист прегазен од својот трактор
-->

Вчера околу 08.30 часот во с.Љуботен, скопско, обработувајќи нива со трактор, И.А. (53) од истото село, застанал со тракторот сакајќи да ги исчисти плуговите, но бидејќи бил поставен на надолнина, тракторот започнал да се движи.
И.А. се обидел да го запре со раце, но бил соборен на земја, по што тракторот му поминал преку левата страна од градниот кош и ногата.
Истиот бил пренесен во Градска општа болница „Св. Наум Охридски,“ каде му биле констатирани телесни повреди по што бил задржан во одделот за Интензивна нега на понатамошно лекување.
Полициски службеници од ПС-Чаир не излегле на местото на настанот, бидејќи член на семејството на И.А. го пренел тракторот од нивата во неговиот дом.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Павловски: Македонија треба да биде прва во Европа по крипто бизнисот за да се развие
-
Таравари го свика партиското раководство
-
Тема на денот со Крис Павловски
-
Таравари на излезна врата - Ќе го следат ли сите пратеници
-
Кошта во посета на Западен Балкан
-
Напредок има, но другите земји растат побрзо од нас - Корупцијата е најголем проблем!
-
Пресудата за пожарот во модуларната болница во петок
-
ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Филипче молчи за златната виза?