Балкан
5. August 2019 - 21:05

Хорор во Будва: Русинка на пешачки со автомобил удрила во бебе во количка и во таткото и поминала преку нив

Едногодишно бебе, холандски државјанин е повредено на 2. август во Будва кога автомобил удрил во количката во која се наоѓало.

Човекот кој ја туркал количката со бебето, улицата ја преминувал на пешачки премин, недалеку од кружниот тек, кога го удрил автомобил за чиј волан била руска државјанка.

Русинката со автомобилот ја прегазила количката и поминала преку нозете на шокираниот татко па дури тогаш го запрела возилото.

Будвансакта полциија поднесе кривична пријава против Русинската, а бебето се здобило со полесни повреди и пуштено е на домашно лекување.

Ново на Сител