Хорор среде состанок во банка: Огромен питон падна врз вработените
Голем питон, долг еден и пол метар и тежок пет килограми паднал од плафонот на една банка во кинескиот град Нанинг, преплашувајќи ги вработените за време на состанокот.
-Змијата влегла во филијалата на кинеската банка „Industrial and Commercial“ во автономната кинеска покраина Хуангси, за да во еден момент падне од плафонот помеѓу двајца вработени, пренесува австралиски ABC.
На снимката од безбедносните камери се гледа како вработените бегаат кој каде стигнал откако питонот паѓа на падото, а потоа се крие под каучот.
Персоналот, се заблагодарил на работниците од Службата за комунална зоохигиена кои бргу пристигнале на лице место и со професионални помагала ја фатила змијата.
Питонот, како што е соопштено, не бил отровен и веројатно го чувал некој кој живее во близина.
Сличен инцидент во истата филијала се случил и минатата година.
Ново на Сител
-
Почнаа разговорите за коалиција
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог
-
Светските медиуми известуваа за изборите во Македонија
-
Бизнисот очекува политичка промена и исполнување на ветеното
-
ГРОМ призна пораз, ЗНАМ сметаат дека се родила третата опција, Левица очекува повеќе гласови на 8ми мај
-
Преглед на вестите од светот
-
Убедливо водство на Силјановска