Хорор сообраќајка: Шлепер собра патничко возило и паднаа во провалија, загинаа соопружници, детето повредено

Камион полн со дрва на кој му пукнала гума, заедно со патнички автомобил со германски таблички излетале денеска попладне околу 14 часот од патот и паднале во провалија во Грделичката клисура.
Како што јавува очевидец несреќата според неговите зборови се случила кога на шлеперот му пукнала гума, по што тој излетал од патот и закачил и автомобил со кој заедно паднале во провалија.
Според зборовите на очевидци возачот на камиот преживеал, а од автомобилот се слушало плачење на дете.

На самот место на несреќата е полицијата, итната помош и пожарникарските служби кои ги сечат смачканите возила.
Во несреќата според првите информации настрадале сопружници од Турција, додека нивното дете кое исто така се наоѓало во автомобилот поради повредите е пренесено во Здравствениот центар во Лесковац. Со повреди се здобил и возачот на камионот.
„Две лица загинаа во судар на камион и патничко возило во Грделичкаа клисура во местото Момин Камен кај Владичин Хан, а двајца се повредени, соопшти српското МВР.
Несреќата се случила околу 12.55 часот кога дошло до судар на камион со врањански регистерски ознаки и „опел“ со германски таблици.
Сообраќајот се одвива по една лента со наизменично пропуштање на возила.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Никола Србов, историчар
-

Мицкоски верува во решение преку дијалог со Бугарија - Филипче бара европска иднина
-

ВМРО-ДПМНЕ со 3,5 пати поголем рејтинг од СДСМ
-

Кризната состојба за горивата ќе продолжи до април, намалено ДДВ за дизелот до 20 октомври
-

30.000 вакцини против грип пристигнаа во земјата – имунизацијата за една недела
-

Скопското Кале ќе биде прогласено за културно наследство
-

Оризовите стрништа го палат алармот кај пожарникарите
-

Од 20 - 30 питачи од најмала возраст во Oхрид
