Македонија
22. January 2016 - 12:49

Хорор: Маж силувал старица во дворот на осмолетката во Богданци

Полициската станица во Гевгелија поднесе кривична пријава против З.С. (47) од Богданци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување“.

 Пријавениот вчера во 6.30 часот во дворот на СОУ „Богданци“, кај спортската сала, физички ја нападнал и извршил силување над В.М. (80) од Богданци, која поради здобиените повреди е задржана на лекување во Општа болница-Гевгелија.

Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.