Хорор: Малолетна мајка го искасапила новороденчето и им го фрлила на кучињата
Искасапеното тело на детето го фрлила покрај напуштената куќа, каде потоа е пронајдено без рака, нога и вилица.
Против 17-годишната Р.Џ. од село Биљача која Бујановац е поднесена кривична пријава откако истрагата потврдила дека по породувањето со нож го убила бебето и го фрлила покрај напуштената куќа. Телото на новороденчето кое е пронајдено на 11 јануари, го распарчиле кучиња скитници.
-Р.Џ. е осомничена дека свиреп начин до смрт го избодела своето новородено девојче. Искасапеното тело на детето го фрлила покрај напуштената куќа, каде потоа е пронајдено без рака, нога и вилица. Овие сомневања се поткрепени со наоди на вештаци и докази, велат од обвинителството во Врање.
Чедоморката и нејзините родители негирале дека таа е вмешана во смртта на бебето. Мештаните од Биљача велат дека низ селото се зборувало дека малолетната девојка забременила од момче што ја оставило.
Ново на Сител
-
Германскиот кабинет планира да и дозволи на армијата да соборува нелегални беспилотни летала
-
Врнежи од снег со слаб интензитет во Кичево, Пресека и Буково, активни забрани за тешки возила на неколку правци
-
Мицотакис преку писмо до Фон дер Лајен бара да се најдат брзи решенија за цените на енергијата во ЕУ
-
Утре завршува новогодишната кошничка
-
Знамето со сонцето од Кутлеш забрането на СП во ракомет во Хрватска
-
23-годишна мајка од гостиварско ја малтретирала својата поќерка
-
Украинската армија вели дека нападот во текот на ноќта врз Русија бил „најмасовниот“ од војната
-
Началникот на Генералштабот на Армијата на конференција на Воениот комитет на НАТО