Хорор: Јусуф под скалите пронајде и уби 52 змии
Јусуф Малкиќ од селото Шахмани кај Доњи Вакуф убил дури 52 змии и тоа на едно место.
-Ги имаше насекаде. Едноставно човек да не поверува од каде се излегуваа. Кога го чистевме просторот од напуштената куќа, видовме голем број змии. Најмногу ги имаше под скалите. Високите температури во октомври ги измамија змиите од гнездото. Не беа големи, повеќето беа многу мали. На крајот кога ги броев, изброив дури 52. Најмногу имаше под скалите, вели Малкиќ.
Тој вели дека ова подрачје е специфично. Во непосредна близина тече поток, луѓето помалку навраќале во тоа подрачје, што за змиите е вистинско место.
Ајдин Башиќ, директор на Ветеринарната станица Бугојно, вели дека станува збор за ескулапова змија која не е отровна.
-Возрасните примероци во просек се долги околу 140-180 см. Се хранат со глувци и стаорци, а понекогаш и со гуштери. Живеат просечно по 25-30 години во дивина, вели тој.
Ново на Сител
-
Европскиот фронт ќе оди со заеднички листи
-
Се планира довршување на заградите во капмпусот на УКИМ
-
20 години агенција за радијациона сигурност
-
Преглед на вестите од светот
-
Tема на денот со Владимир Божиновски
-
Средба Мицкоски-Таравари за иднината на Алијанса во Владата
-
Средба Мицкоски-Таравари за иднината на Алијанса во Владата
-
Партиите забрзано се подготвуваат за изборите